Во  нашето  школо двајца ученици  активно се занимаваат со спорт, односно тие се занимаваат со скијаЊе. СкијаЊето кај овие двајца млади спортисти е појавено уште од  раните денови во нивното детство.  Тие повеке пати имаат отидено во соседните држави на припреми со што имаат дадено видни резултати. Имаат учествувано и на „ МАВРОВСКИ  МЕМОРИЈАЛ „. На овие двајца млади спортисти му поставивме неколку прашаЊа и  еве  тие  што ни одговорија:
                
 Борче Јованоски, роден 1986 година. Учи во ДСУ “Наум Наумоски Борче“ Крушево.
 Со нордиско скијање се занимава уште од 10 години. Уште од самиот почеток тој е репрезентативец на Македонската нордиска репрезентација.
 Негов прв натпревар  беше во Крушево, а исто така  има учествувано на натпревари во : Маврово, Пелистер и  Попова Шапка. Тоа беше периодот од 1995 - 1996 година кога тој за прв пат започна да се занимава со тренирање, а исто така и да се натпреварува.
    ВеЌе во 2001 - 2002 учествуваше на зимската младинска Олимпијада во Блед - Словенија. Таму го освои 85-тото место во класичен стил и 80-то место во слободен стил. Кога се врати од Словенија го чекаа припреми во Крушево околу 10 дена за потоа да продолжат во Маврово за Мавровскиот меморијал кој е слава и чест која се слави заради смртта на 15 - 20 мавровци кои загинале на мавровкската планина - Бистра. Еден од најпознатите водачи бил Заре Лазарески по кој и Мавровскиот зимски туристички центар го добива името “Заре Лазаревски“.
    Има учествувано во два натпревари во слободен стил : првиот беше спринт на 1.5км а вториот беше маратон на 30 метри. На 1.5 го освои 15-тото место а на маратонот беше 12 место. Тоа беше неговиот најдобар досегашен успех во кариерата затоа што на 16 годишна возраст никој досега нема освоено толку добро место кога ќе се земе предвид дека имаше и натпреварувачи од околи 30 години. По Мавровскиот Меморијал следеше натпревар во Турција -  Улудак. Таму имаше два натпревари, првиот слободен стил а вториот беше штафета компензирана - мешана - слободен  со класичен стил. На првата го освои 15-тото место а додека на штафетата нашата презентација беше на  4-тото место. И така среќно заврши зимата 2002 - 2003 година за во 2003 летото да не учекуваат понапорни подготовки. Беше на припреми во Белмекем - Бугарија во Август од 10.09 2003 до 20.09.2003 година а потоа следуваа припреми во Австрија  - Дакштајн. Таму беше 9 дена. Таму се сретна со оние најпознатите и најдобрите нордијци. Сега следат припреми пак на Белмекем - Бугарија. Потоа го чека напорна зима исполнета со голем број на натпревари како на домашен така и на надворешен план. Ке има натпревари во Крушево и Пониква од домашен план а од странски во Турција, Германија, Бугарија и Босна и Херцеговина како и во Романија и Грција.
    Нордиското скијање во Македонија не е застапено затоа што не се вложуваат многу финансии. Инаку би претставувал добар професионален спорт, но би претставувал и спорт за рекреација. За прв пат се јавува во Норвешка кое го добива името нордиско скијање што во буквален превод трчање со скии.



назад